Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаДисциплински мерки за 59 вработени во МВР

Дисциплински мерки за 59 вработени во МВР

По спроведена дисциплинска постапка во текот на декември, донесени се 59 решенија против 59 вработени во Министерството за внатрешни работи поради сторени повреди во работењето.

На 46 вработени изречена им е мерка „парична казна”, на пет мерка „писмено предупредување“, за четворица е изречена мерка „запирање на постапката“, на двајца вработени во МВР им е изречена мерка „распоредување“ и на двајца мерка „отказ“.

МВР денеска соопшти дека на полицаец во ПСОН-Крива Паланка, СВР-Куманово, изречена му е мерка „отказ“ затоа што за себе прибавил против правна имотна корист. Отказ добил и Виш инспектор за превенција во ПС ОН Битола, кој неоправдано изостанал од работа три последователни дена.