Friday, May 3, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаДино Мерлин закажа голем концерт во Охрид

Дино Мерлин закажа голем концерт во Охрид

Балканскиот волшебник, уметник, кантавтор и изведувач Дино Мерлин, веќе цели две години својот “Хотел Национал” го носи низ регионот. По ултра успешниот концерт во Скопје, менаџментот на Мерлин одлучи концертот со дуплирана бројка на публика да го реализира и во бисерот на Македонија, во Охрид. На 23 јули, на стадионот Билјанини извори еден од најценетите изведувачи од регионот со почеток во 21.30 минути, ќе почне да ја раскажува својата “Хотел Национал” приказна.

Цената на влезниците оваа лето, ќе биде за сечиј џеб. И за оние кои што случајно ќе се најдат во Охрид но и за оние кои што со намера ќе тргнат на концерт. Почнувајќи од 650 денари за Партер, преку 1000 дeнари за Фан Пит кој што пак е ограничен на 2500 влезници, се до ВИП влезница која чини 1500 денари и до која можете да стигнете само преку резервација.

Останатите продажни места овојпат подостапни од било кога. Освен што ќе можете да ја најдете во било кој Тинекс Маркет во државава, влезница како и концертни реквизити и сувенири ќе можете да набавите на самиот плоштад во Охрид, од 23.06 до 23.07. Стандардните продажни места како Розе Веро 2, Југотон и локални продажни места, остануваат на листата на продажни места низ цела Македонија. Еден од најдобрите македонски брендови, ЦЕВИТАНА е официјален покровител на концертот и со секоја купена влезница, публиката ќе може да ужива во гратис пакување на вкусовите на Цевитана.

Дино Мерлин во Охрид доаѓа после цели 7 години пауза. Доаѓа со желба и идеја охридскиот концерт да го сруши рекордот на посетеност во текот на целата оваа турнеја, и да биде единственото место што ќе собере повеќе од 25.000 публика. Дино доаѓа 4 дена порано, за да како што самиот вели ужива во убавините на Охрид и Струга.

Техничките параметри велат дека ова ќе биде концерт во вистинска смисла на зборот затоа што освен Мерлин и неговиот бенд, во Охрид присигнуваат цели 4 шлепери со соодветна концертна опрема и 40 технички лица за да се распореди опремата. Истата онаа која што патува од Љубљана, преку Сараево, Белград до Охрид.

Продажбата на влезниците стартува од среда 25 мај и за истата организаторот вели дека за првпат во Македонија, ќе се контролира со специјална европска техника : Флуоресцентна контрола. Електронска влезница можете да најдете на eventim.rs.