Wednesday, May 8, 2024
HomeДЕНЕШНАСветДигитално киднапирање – Маж поставувал слики на Facebook од туѓо дете

Дигитално киднапирање – Маж поставувал слики на Facebook од туѓо дете

Колку треба да се пореметени(извинете на изразот) за да украдете слики од туѓо дете и да ги поставите на вашиот профил на Facebook и да го претставите како ваш син или ќерка. Очигледно заразата на социјалните мрежи дојде до тој степен, што и веќе не зачудува случајот на Рамон Фигуероа од Њујорк кој ги украл сликите на 4 годишната Брајли преставувајќи ја на неговиот профил како родена ќерка.

digital kidnaping2

Даница Патерсон, мајката на Брајли добила известување од пријател дека некој ги има поставено сликите на девојчето со статуси дека му е ќерка и колку им е забавно да се сликааат. Даница го пријавила случајот во полиција, но адвокат ја советувал дека нема правен основ за тужба бидејќи има голема дупка во законот.

Според нормите забрането е да украдете нечиј идентитет, на пример да објавите нечии слики и да се претставите лажно, но нема никаков правен основ кој би го регулирал лажното претставување на личности кои би биле во ваша роднинска врска.

Даница потоа поднела и жалба до Facebook за да го заштити идентитетот на Брајли но, добила сличен одговор. На крајот му испратила и лична порака на Фигуероа но, тој ја блокирал, по што најверојатно и ги симнал сликите. Правните експерти од Далас бараат да се воведат нови законски прописи за случаите на т.н. дигитално киднапирање и забрана за лажно претставување на личности во било која форма.