Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗаев: Ќе добиеме покана за во НАТО без да ни чепнат во идентитетот

Заев: Ќе добиеме покана за во НАТО без да ни чепнат во идентитетот

Новата уредничка на Канал 5 го праша Зоран Заев, кој долго не гостувал на оваа телевизија, дали ќе се преговара за името Македонија по грчки терк. Лидерот на СДСМ на ова одговори дека кога ќе се средат работите, Македонија ќе добие покана за влез во НАТО, но без да ни чепнат во идентитетот. Заев рече дека има црвени линии кои не може да се поместат, а идентитетот е токму таа црвена линија. Тој истакна дека лагите и шпекулациите кои се шират во јавноста се наменети само за политичка пропаганда, бидејќи СДСМ и тој лично нема да дозволат некој да си игра со идентитетот на нашиот народ.

„Ќе добиеме покана за членство во НАТО, но без да ни чепнат во идентитетот“ – рече Заев на гостувањето во вестите на Канал 5.