Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАСветFacebook ќе го спречува ширењето на одмазничко порно

Facebook ќе го спречува ширењето на одмазничко порно

Facebook најави дека борбата против објавите на содржини со одмазничко порно ќе биде засилена со нов систем кој ќе ги препознава интимните фотографии или видеа и ќе спречува нивна објава без дозовола од личноста која е на нив.

Исто така корисникот кој ќе се обиде да рашири материјали со одмазничко порно ќе биде спречен и предупреден за последиците. Во поголемиот број случаи ваквите постапки ќе бидат санкционирани со блокирање на профилот од кој биле споделени интимните фотографии без одобрување.

Жртви на одмазничко порно се претежно девојки кои откако ќе ја прекинат врската се доведени во ризик фотките или видеата направени со нивните момчиња да бидат објавени на социјалните мрежи или специјалните веб сајтови за порнографија.

Извор: telefoni.mk