Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаЏонсон Контролс ќе отвори 1500 работни места во Струмица

Џонсон Контролс ќе отвори 1500 работни места во Струмица

Американската компанија Џонсон Контролс ќе инвестира во Струмица со нов производствен капацитет со инвестиција во вредност од 20 милиони долари со која ќе се отворат 1500 нови работни места.
Како што соопштија денеска директорот во „Џонсон Контролс“ Вили Ван Лои и директорот на Дирекцијата за Технолошко-индустриски развојни зони Виктор Мизо по средбата со премиерот Никола Груевски, инвестицијата ќе стартува идната година напролет како браунфилд, во постоечка зграда, а потоа ќе прерасне во гринфилд, најдоцна до пролетта 2017-та.