Friday, May 3, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаЏеј-зи ги тужи поранешните сопственици на „Tidal“

Џеј-зи ги тужи поранешните сопственици на „Tidal“

Џеј-Зи тужи бивше власнике „Тајдела“

Популарниот американски рапер Џеј-зи своето богатство стекнато преку работата го гради со години, а денес може да се пофали со фактот дека тој е еден од најмоќните и највлијателните ѕвезди на денешницата. Но, неговиот бизнис поврзан со стриминг сервисот „Tidal“ е прилично неуспешен, а сега раперот се одлучил да поднесе тужба против поранешните сопственици на сервисот. Џеј-зи во 2015 година го купи овој музички сервис, но после само неколку месеци беше очигледно дека проектот нема да функционира онака како што беше замислено.

Сега популарниот рапер тврди дека бил измамен, бидејќи како што вели тој поранешните соспственици му дале лажни податоци околу тоа колку лица биле претплатени на оваа платформа. Поранешните сопственици на компанијата истакнаа дека тие нагласиле дека бројот на претплатени лица на оваа платформа се движи околу половина милион луѓе. Како што пренесуваат медиумите, Џеј-зи на судот бара да добие износ од 100 милиони долари. Се појавија и шпекулации според кои Џеј-зи не доживеал никаква измама туку дека се труди да најде оправдание, бидејќи „Tidal“ не се покажал како успешна инвестиција.

Музички стриминг сервис не толико успешан