Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСветЏеб Буш не е против тортурата на ЦИА

Џеб Буш не е против тортурата на ЦИА

Џеб Буш изјави дека не може да гарантира дека ќе ја почитува наредбата на Барак Обама за забрана на тортурата и методите на мачење на ЦИА за испрашување на осомничените терористи. Џеб Буш оцени дека ваквите методи за време на владеењето на неговиот брат Џорџ Буш биле сурови но, во многу случаи биле корисни за да се добијат квалитетни информации за можни нови напади, како и за пронаоѓање на преостанатите терористи.

cia tortura

ЦИА беше нападната од голем број на конгресмени и експерти кои по долга истрага откриле дека измачувањето на затворениците не дало ама баш никаков ефект во борбата со тероризмот, а тајната служба често лажела во извештаите. ЦИА користеше нехумани методи на мачење со техника на давење, соголување на затворениците, нивно понижување, спречување да заспијат, како и физичко малтретирање.

Ваквите постапки се срамни за САД кои тврдат дека се најдемократската земја во светот. Џеб Буш и покрај тоа што беше еден од најнадежните кандидати на Републиканците со прогресивни политики полека потпаѓа под товарот на неговото семејство и се враќа на истиот метод на милитаризам и можност за нова инвазија на Ирак.