Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСветЏеб Буш ја обвини Хилари Клинтон за издигнувањето на ИСИС

Џеб Буш ја обвини Хилари Клинтон за издигнувањето на ИСИС

Џеб Буш се уште не може да избие на чело на трката за претседател во својата Републиканска партија, но затоа пак ги започна нападите против Хилари Клинтот, кандидатот на демократите, обвинувајќи дека е виновна за појавата и издигнувањето на милитантна исламистичка група ИСИС.

nato-turkey-isis-syria

Џеб Буш смета дека Клинтон е виновна за растот на тероризмот на Блискиот исток бидејќи во нејзиниот мандат како Државен секретар значително ослабе военото и дипломатското присуство на САД во Ирак и од сунитските бунтовници се роди оваа моќна и сурова терористичка организација која се заканува на целиот свет. Буш вети одлучна и решителна акција на Блискиот исток и коалицијата против ИСИС мора да ја води Америка, што може да доведе до нова војна.

Ова е прилично иронична позиција на Џеб, бидејќи ако се сеќавате војните на Блискиот исток ги започнаа неговите татко и брат како претседатели на САД, а особено втората инвазија на Ирак беше катастрофална со потикнување на бунтовништво кај ирачката регуларна армијаа и БААТ партијата на Садам која беше забранета за целосно кревање на незадоволството против САД и Западот. Од 2004 започнаа најкрвавите терористички напади и бескраен судир меѓу Сунитите и Шиитите, како и останатите верски и етнички заедници на Блискиот исток.