Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЏамп по крстот во Детроит – Водици прославен и во Америка

Џамп по крстот во Детроит – Водици прославен и во Америка

Македонците во САД го одбележаа големиот христијански празник Богојавление Водици со свечена литија во Детроит. Традицијата ја одржуваат голем број на иселеници, но и многу Македонци кои се втора или трета генерација и живеат долго време во САД. За осветениот крст најмногу се израдуваa најмладите кои се покажаа и најхрабри скокајќи во водите на базенот. Погледнете во продолжение како се празнува Водици и во Детроит.