Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПоглаварите на СПЦ и на БПЦ денеска во Москва на средба кај рускиот поглавар

Поглаварите на СПЦ и на БПЦ денеска во Москва на средба кај рускиот поглавар

Рускиот патријарх Кирил денеска во Москва ќе се сретне со бугарскиот патријарх Неофит и со српскиот патријарх Иринеј, во рамки на Серускиот православен собор.

Со бугарскиот патријарх ќе патуваат и дел од владиците што се во составот на комисијата што Бугарската православна црква ја оформи за да разговара со другите помесни православни цркви за статусот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

Руските медиуми вчера објавија дека руската црква официјално ја признала украинската црква за независна, што значи дека таа добива широк простор за автономија.

Во уставот на руската црква, украинската црква ќе биде посебно издвоена и наведено е дека таа се управува од Киев, а не од Москва.

POST TAGS: