Thursday, May 9, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЏафери: Аирлија 10 пратенички групи од ВМРО-ДПМНЕ

Џафери: Аирлија 10 пратенички групи од ВМРО-ДПМНЕ

Откако информираше дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ го известиле дека формираат 10 пратенички групи, претседателот на Собранието, Талат Џафери, се заблагодари што конечно пратениците му ја признале функцијата. Потоа ги прочита координаторите и заменик-координаторите и рече „Аирлија“.

За координатор на првата шестчлена група е предложен Илија Димовски, а во неа се предлага да членуваат Трајко Вељаноски, Емил Димитриев и Никола Груевски. За координатор на втората група се предлага Антонио Милошоски, а Зоран Илијоски да ја координира третата пратеничка група. За останатите групи како координатори се предлагаат Владанка Авировиќ, Даниела Рангелова, Панчо Минов, Димитар Стевананџија, Драган Данев, Благица Ласовска и Драган Цуклев.

Откако во претпладневната сесија на првото продолжение на 6. седница на Собранието пратениците го прифатија предлогот на Владата да се именува Спасе Глигоров за директор на Агенцијата за администрација и ја завршија расправата за предлог-одлуката за давање согласност на општите акти на Народниот правобранител, беше прогласена пауза.

Продолжението почна во 14.14 часот, со информирањето од Џафери за десетте нови пратенички групи, а продолжи со расправата за давање согласност за општите акти на Народниот правобранител.

Потоа на дневен ред е петтата точка од дневниот ред, разрешувањето на јавниот обвинител Марко Зврлевски.