Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАДеветнаесет земји-членки на ЕУ кажаа „не“ за ГМО

Деветнаесет земји-членки на ЕУ кажаа „не“ за ГМО

Европска комисија ја изнесе информацијата дека деветнаесет членки на ЕУ можат да забранат одгледување на генетско модифицирани култури на своја територија. Портпаролот на ЕК, Енрико Бривио, изјави дека барањата на земјите-членки се примени од компаниите, со што се планира да се обнови разгледувањето на географското ширење на генетските модифицирани култури.

Целосна забрана за ГМО побарале Австрија, Бугарија, Хрватска, Кипар, Франција, Грција, Унгарија, Италија, Летонија, Литванија, Малта, Холандија, Полска и Словенија, а Германија се изјаснила за ограничено право на изклучување на ГМО испитувањата. Данска и Луксембург сакаат да забранат само четири ГМО култури,аБелгија и Велика Британија сакаат да забранат ГМО само на некои делови од нивната територија.