Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаДецата од СОС село израдувани од Фондацијата Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски

Децата од СОС село израдувани од Фондацијата Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски

Во најубавиот дел од годината, период кој, најмногу за децата, е синоним за зближување, топлина, радост и насмевки, Фондацијата Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски  се погрижи за тоа што повеќе деца да ја почуствуваат оваа магија.DSC_0075Директорот на Фондацијата – Николас Атанасоски го посети СОС Детското село и на децата им подели новогодишни пакетчиња. Посетата започна со хорска изведба на новогодишни песни. Потоа директорката на СОС Детското село се обрати и изрази огромна благодарност до Фондацијата и надеж за понатамошна соработка.

Николас Атанасоски искрено ги поздрави вработените во селото за нивната хумана работа и на насмеаните деца и им посака среќни празници. Ова е прва донација на Фондацијата по нејзиното основање.