Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеСкопје втор пат ќе ја одбележи кинеската Нова година

Скопје втор пат ќе ја одбележи кинеската Нова година

Скопје во четврток ќе ја одбележи кинеката Нова година. Втора година по ред ќе биде одбележана во грлавниот град со голем број
културни настани и манифестации. Во Македонскиот народен театар, културниот ансамбл од Нанчанг пред присутните ќе презентира традиционална музика и танци.

Наредниве неколку денови официјална делегација на збратимениот град Нанчанг (Народна Република Кина) ќе го посети Скопје, а во четврток градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски ќе оствари средба со официјална делегација од Нанчанг, предводена од Веи Гуохуа, заменик директор на Извршниот комитет на Народниот конгрес на Нанчанг.