Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаГодинава Велес нема да организира дочек на новата 2016

Годинава Велес нема да организира дочек на новата 2016

Денеска во Велес нема да има организиран пречек на Новата година на отворено во градот.
Имено, Градоначалникот Чадиев изјави дека имало слаб интерес, а цените за изведувачите биле високи, па поради тоа според Чадиев не се исплаќа да се ангажира озвучување и пејачи за пречек.
Велешките локали понудија широк избор на музика за пречекот на Новата година, за сечиј вкус и за сечиј џеб.
Цените се од илјада до две илјади денари, во зависност од менито, но и кој ќе ги забавува гостите. За помладите во дискотеката “Клуб 54” настапува српскиот поп-пејач Алекса Перовиќ, во “Авангард”, “Браво бенд”, а во “Драма” кафе диџеј Марга сол и Џое бонга на конга. За љубителите на тамбурашката музика во хотел “Романтик”, свират кумановците “Ѓезме”, додека во винарницата “Стоби” составот “Чардаш”. Во хотел “Гарденија” гостите ќе ги забавува “Фидбек бенд”. Велешкиот фолк-состав “Соната” и Катерина Брезева, за пречекот се ангажирани во Свети Николе во “Мечкуевска куќа”.