Sunday, May 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаДесет сообраќајки во Скопје за 24 часа – шест лица повредени

Десет сообраќајки во Скопје за 24 часа – шест лица повредени

Вкупно 10 сообраќајни незгоди се случиле во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје во кои има шест повредени лица. Од увидот на сообраќајната полиција констатирано е дека четири од сообраќајките се со последица материјална штета, а пет се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле тројца возачи на патничко моторно возило, двајца сопатници и еден пешак.

Се случила и една незгода со последица тешки телесни повреди во 19 часот и 15 минути на крстосницата од ул. „Трета македонска бригада“ бр. 13 и ул. „Трета македонска бригада“ во која учествувале две патнички моторни возила „БМВ“ и „сузуки свивт“, со скопски регистарски таблички, управувани од граѓани на Скопје. Во незгодата со повреди се здобил еден возач кој со возило на Брза помош бил пренесен во Ургентен центар каде му била укажана лекарска помош и му биле констатирани тешки телесни повреди.