Wednesday, May 8, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаДенес и утре ќе се прска против комарци во Скопје

Денес и утре ќе се прска против комарци во Скопје

Вториот наврат на аеросолната дезинсекција (авионска) во 2016 година, на подрачјето на Град Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива на 28.05.2016 (сабота) и на 29.05.2016 (недела), во период од 5:30 до 10:00 часот.

Аеросолната дезинсекција (терестрична), ќе се одвива во деновите од 29.05.2016 до 02.06.2016 (од недела до четврток), во период од 23:00 до 4:00 часот, наредниот ден.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на аеросолната дезинсекција, авионската дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.

Во соопштението на Град Скопје се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.