Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеВикендов уште едно прскање против комарци

Викендов уште едно прскање против комарци

Како што информираат аеросолната дезинсекција, односно авионската ќе се одвива во сабота и недела од од 5:30 до 10 часот.

Терестрична дезинсекција, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива од 28 август до 1 септември, во периодот од 23 до 4 часот, наредниот ден.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на аеросолната дезинсекција, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин, а согласно на тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.