Thursday, Apr 25, 2024
HomeАНТИСТРЕСШтосноСоздаден нов телевизор кој ќе ве спаси од комарците

Создаден нов телевизор кој ќе ве спаси од комарците

Јужнокорејскиот гигант LG создаде посебен телевизор кој ќе се бори против комарците, пишува India Times.

Станува збор за таканаречениот Mosquito Away, серија која е развиена специјално за пазарот во Индија, каде што може да помогне во борбата против маларијата, предизвикана токму од комарците. Сите модели LG Mosquito Away имаат посебен ултразвучен емитер кој генерира непријатни сигнали за комарците и истовремено неостварливи од човечкото уво.

Најевтината верзија ќе биде со екран со дијагонала од 32 инчи, а ќе чини 400 американски долари, додека поскапата верзија со екран од 43 инчи ќе биде достапна за 710 долари.