Saturday, Apr 27, 2024
HomeГОВОРНИЦАСтавДавидовиќ: Немојте да имате дилема дека ѓаволот дошол по своето

Давидовиќ: Немојте да имате дилема дека ѓаволот дошол по своето

Со години кај нас законот се применуваше селективно и по потреба или желба. Една мала група луѓе ја узурпираше државата, институциите, животот. Многумина се навикнаа дека законот за нив не важи ако се блиски со фамилијата и дека за стореното нема да одговараат и се ќе се заборави и скрие. Не веруваа дека секогаш сметката мора да се плати и дека ѓаволот на крај доаѓа по своето.

А кога ќе дојде времето сметката да се плати бандата наречена фамилија почнува да бега, да се крие , оградува и дистанцира, почнува да ги жртвува своите соработници и подлизурковци.

Прво се откажува и оградува од најнискиот ешалон, најпримитивниот слој на мускули без памет. Прво нив ги пушта низ вода и ги мие рацете а недоветниве примитивци се чудат што ги снашло. Немојте да имате дилема дека ѓаволот дошол по своето и дека сте заборавени од вашите пастири. Никој не е ниту може да биде посилен од закон.

Следни на ред се интелектуално подлизурковскиот ешалон. Судии, обвинители, глумци, пејачи и останати безрбетници кои бевте мегафони, гласноговорници и помагачи на фамилијата веќе сте пуштени низ вода само уште не знаете. Немојте да имате дилема дека се што можат да ви припишат, подметнат, се што сте знаеле или сте свтеле глава да не видите, се ќе ви натоварат на грб и ќе се откажат од вас. Немојте ни вие да имате дилема дека ѓаволот дошол по своето и дека ништо не може да ве спаси од одговорност, никој не е над законот.

А тебе господине од судскиот совет кој мислиш дека со притисок на адвокатската комора ќе успееш да издејствуваш дисциплинска постапка против мене бидејќи не те почитувам да ти кажам НЕЌЕ МОЌИ, не си ни ти над законот ниту порачките и нарачките веќе поминуваат. Немој да имаш дилема дека ѓаволот дошол по своето…..

Фејсбук статус на адвокатот Давидовиќ