Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаДавидовиќ: Одлуката на Кривичниот совет за Кочан е е доказ за двојни стандарди во судството

Давидовиќ: Одлуката на Кривичниот совет за Кочан е е доказ за двојни стандарди во судството

Адвокатот Звонко Давидовиќ оценува дека одлуката на Кривичниот совет да не ја прифати жалбата на СЈО со што Сеад Кочан останува да се брани од слобода, е уште еден пример за двојните стандарди на судството

„Законот, дава можност да не се определи притвор, но во конкретниов случај не се запазени околностите и правичноста„ вели адвокатот за АлсатМ.

„Прво, никогаш не се случило некој кој бил во бегство да не отиде во притвор, да му се укине мерката за притвор. Второ, подолго време ова веќе трае и беше подготвувано и луѓето кои ги следат предметите насетуваа, затоа што Апелациониот суд, точката 2 и 3 – значи влијание на сведоци или да не го повтори или доврши делото, ги укина во старт и отвори можност да се даде гаранција. Врховиот суд токму тоа го направи, а Основниот суд Скопје 1, како и досега ја одигрува улогата на пречка на СЈО“, изјави адвокатот Давидовиќ.

Сеат Кочан е првоосомничен во случајот „Труст“ на Специјалното обвинителство. Тој беше во бегство повеќе од два месеци, а за него имаше и меѓународна потерница. По одлуката на Врховен суд да го врати предметот на повторно одлучување, Кочан веднаш се врати во Македонија, но за својата условна слобода даде гаранција од безмалку еден милион евра.