Friday, Apr 26, 2024
HomeГИГА БАЈТПЦДали сте зависник од компјутер!?

Дали сте зависник од компјутер!?

Веројатно ако сте компјутерхолик не се ни запрашувате дали поминувате премногу време со вашиот „најдобар пријател“, но ако евентуално ве интересира, еве 10 сигурни знаци дека спаѓате во таа категорија:

large (2)

1. Имате повеќе компјутери и практикувате да ги користите сите во исто време.

2. Преспивате на работа, каде имате специјално легло под компјутерското биро.

3. Не се одделувате од компјутерот дури и кога не сте баш во состојба да го користите, на пр. со рака во гипс, фатени во кичмата…

4. Одите со компјутерот во веце.

5. …или во поекстремни ситуации, го носите вецето пред вашиот компјутер.

 

6. Имате отпечатоци од тастатурата додека спиете.

7. Имате дете, но го запоставувате и игнорирате додека сте пред компјутерот.

8. Не водите многу грижа за хигиената во вашата соба каде што ви е сместен компјутерот.

9. Попрво би умреле отколку да се одделите од компјутерот.

10. А кога ќе умрете, сакате да имате компјутер место надгробна плоча.