Thursday, Apr 25, 2024
HomeАНТИСТРЕСШтосноАмазонките: Митови и факти

Амазонките: Митови и факти

За Амазонките се поврзани многу митови кои главно ги претставувале како сурови, озлогласени воинки. Се верувало и дека уште во древно време носеле панталони, се тетовирале, убивале мажи, се осакатувале за полесно да користат лак и стрела, дека биле лоши мајки… Меѓутоа, што од сето тоа е вистина?

Во грчката митологија, Амазонките се припаднички на древен народ на жени воини. Според некои теории, името потекнува од иранскиот збор „ха-мазан” со значење „воини” или од грчкиот збор „а-мазос” што значи „без дојка”.

Исто така постои претпоставка дека Амазонките го добиле името од грчкиот „а-масо” што значи „не допира (мажи)”, потоа од „маза” – кавкаски збор за Месечината која укажува на обожување на месечевата божица, итн. Тоа што е сигурно е дека покрај многуте претпоставки, сепак не се знае точно што означува овој збор.

Според грчките митови, Амазонките живееле во областа Понт блиску до Црно море. Таму основале свое кралство и живееле под владеење на кралицата Хиполита. Се верувало и дека основале многу градови, меѓу кои се Смирна и Ефес.

Ги спомнуваат Есхил, Херодот, Хомер и други антички писатели и научници. Есхил наведувал дека потекнуваат од областа Скита, Херодот ги нарекувал „Андроктонама” – убијци мажи, се наведуваат многу и во митот за Аргонаутите каде живееле на островот Лемнос сами бидејќи ги убиле сите мажи. Некои биографи на Александар Велики ја спомнуваат амазонската кралица Талестрида која родила негово дете. Во Вергилиевата „Енеида”, воинкаta-девица Камила асоцира на митските Амазонки.

Модерните историчари ги отфрлаат митовите за Амазонките. Тие сметаат дека тие биле само плод на фантазијата на древните Грци. Меѓутоа, археолошките откритија упатуваат на тоа дека постоеле жени кои одговараат на разните описи на Амазонките. Со оглед на тоа дека грчките митови ги сместувале во пространите степи на Евроазија, во северното и источното Средоземје, археолозите со ископување на остатокот на скитските населби и гробници откриле дека и жените на овие воини учествувале во воените походи, ловеле, јавале коњи, користеле оружје.

Со помош на ДНК тестови и други анализи, утврдено е дека од пронајдените костури, третина жени биле закопани со оружје, со несомнени докази за повреди во борбите. Исто така, научниците денес сметаат дека зборот „Амазонка” не е од грчко потекло туку дека потекнува од персискиот и кавкаскиот јазик. Утврдено е и дека тоа нема врска со градите, а во прилог на тоа оди и фактот дека ниту едно античко уметничко дело не ги прикажува овие воинки без една дојка.

Идејата за хомосексуалноста на Амазонките се јавила во современото време. Меѓутоа, со оглед на тоа дека во античкиот период отворено се зборувало за сексуалната ориентација, а Амазонките не биле спомнувани во тој контекст, може да се заклучи дека станува збор за цврсто сестринство кое било претставувано и во класичната уметност и записите за овие воинки.

Не постојат докази за древни општества во кои живееле исклучиво жени. Историчарот Херодот ги спомнува Амазонките како Скиќанки, т.е. жени воинки Скити. Тие имале обичај да собираат лисја, семе и цвеќе, кое потоа го фрлале во оган, па опиени од чадот, играле, викале и пееле. Херодот во еден текст забележал дека се работи за канабис, а археолозите откриле дека сите мажи и жени биле закопани со опрема за пушење на трева, што сведочи за користење на марихуана меѓу овој народ.

РТС – Белград