Friday, Apr 26, 2024
HomeАНТИСТРЕСШтосноДали сте примерен граѓанин што го почитува законот? Наградени сте со бесплатна пица!

Дали сте примерен граѓанин што го почитува законот? Наградени сте со бесплатна пица!

Ако сте послушен граѓанин во Денвер, голема е веројатноста дека ќе бидете богато наградени.. или подобро кажано, калорично наградени.

Полицајците од овој град делат бонови за пица вредни 10 долари од ресторанот Papa John’s за да ги наградат граѓаните кои прават добро дело и ги негуваат вистинските американски вредности.

Како денверската полиција ја опишува оваа кампања?
„Кој не цени тапкање по рамо? Во тој дух, денверската полиција започна иницијатива која ги наградува луѓето за нивната грижа и добри дела, за помагање на другите и почитување на законите. “

Еве ги и зборовите претстаени преку дела.