Thursday, May 2, 2024
HomeДЕНЕШНАСветДали конечно ќе застане жена на чело на ОН?

Дали конечно ќе застане жена на чело на ОН?

Поранешниот премиер на Нов Зеланд, Хелен Кларк и официјално поднесе кандидира за нов генерален секретар на ОН. Промоцијата на нејзината кандидатура ја изврши актуелниот новозеландски премиер Џон Ки, на прес-конференција во главниот град, Велингтон. Според Ки, деветте години на Кларк како премиер на земјата и сегашните седум години на функцијата раководител на Програмата на ОН за развој (УНДП), ја прават „квалификувана и способена за функцијата за која се кандидира“.

Мандатот на сегашниот генерален секретар на ОН, Бан Ки-мун истркува во декември оваа година. Покрај Кларк, досега се кандидирани уште три други жени, како и четворица мажи. Во досегашната историја на ОН, имало девет генералени секретари, но сите тие биле мажи. Сега, конкуренција на Хелен Кларк и се Бугарката Ирина Бокова која е претседател на УНЕСКО, поранешната министерка за надворешни работи на Хрватска – Весна Пусиќ и поранешната министерка за надворешни работи на Молдавија – Наталија Герман.

Во интервју за Би-Би-Си, Кларк изјави дека доколку биде избрана ќе настојува да се изврши реформа на Советот за безбедност на ОН, со внесувањето на Гермнија, Јапонија, Индија и Бразил како постојани членки. Таа смета дека за да се прикаже новата геополитичка реалност во светот, во Советот за безбедност би требало да има и две африкански земји како постојани членки.

„Сегашниот Совет за безбедност ја одразува геополитиката од 1945 година. Јас сакам Советот да ја одразува ситуацијата на 21 век“, изјави Кларк за Би-Би-Си.