Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаДадилката која малтретираше бебе доби година и два месеци затвор

Дадилката која малтретираше бебе доби година и два месеци затвор

Дадилката која малтретираше бебе доби казна затвор од година и два месеца, одлучи денеска совет при Основен суд Скопје 1 – Скопје. Судењето беше затворено за јавност поради заштита на правата на оштетеното малолетно лице.

Родителите на деветмесечното бебе ја ангажирале жената за да го чува нивното бебе, но се посомневале дека го малтретира нивниот син кога забележале модринки по неговото тело, па во домот оставиле камера. Одбраната пред судот ја оспоруваше валидноста на снимката, како неовластено стекната.

Бранителот на дадилката изјави дека таа не се чувствува виновна и побара преквалификација на делото. Снимката, која најпрво на Фејзбук ја објави тетката на бебето и на која се гледа како дадилката го малтретира и тепа детето, ја згрози македонската јавност.