Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионДачиќ разочаран од македонската подршка за Косово во УНЕСКО

Дачиќ разочаран од македонската подршка за Косово во УНЕСКО

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ се уште има надежи дека Косово нема да стане дел од организацијата на УНЕСКО и покрај тоа што за првичниот предлог за членство даден од Република Албанија, 27 држави гласаа ЗА, а меѓу нив Црна Гора и Македонија.

kosovo unesco

Дачиќ е разочаран од ваквото гласање, но и не е изненаден со оглед на внатрешните состојби. Сепак, најави дека во иднина Србија ќе одговори реципрочно и нема да даде подршка за меѓународните барања на Македонија.

unesko

Белград останува на ставовите дека Косово не е способно да се грижи за огромното српско културно, верско и историско наследство, ниту пак тоа било заштитено од екстремистите за време на војната каде многу цркви и манастири беа запалена.

Во македонската јавност па дури и немаше никаква политичка или јавна дебата дали државата треба да гласа за или против членство на Косово во УНЕСКО, за што ќе почекаат на ново гласање бидејќи е потребно двотретинско мнозинство.