Friday, Apr 26, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФаулЧиста сметка, долга љубов – Кој европски фудбалски клуб потрошил најмногу пари за нови играчи?

Чиста сметка, долга љубов – Кој европски фудбалски клуб потрошил најмногу пари за нови играчи?

Уште две недели нѐ делат од официјалното затворање на фудбалската трансфер сезона и може да заклучиме дека ова лето е неминовно во поглед на масовните трошоци кога се во прашање нови засилувања. Кои се клубовите кои „безмилосно“ се расфрлаа со пари за да ги засилат своите тимови?

cashСпоред графиконот објавен од шпанскиот весник Marca, премиерлигашот Ливерпул е клубот кој досега максимално го искористил летниот трансфер рок за нови засилувања со потрошени неверојатни 110,1 милион евра.  Најскапо платениот трансфер на „црвените“ е Кристијан Бентеке (32,5 милиони фунти), а по него доаѓа Роберто Фирмињо (29 милиони фунти).

Втората позиција, изненадувачки, ѝ припаѓа на Валенсија со потрошени 109 милиони евра, а по неа следи уште еден шпански гигант – Атлетико Мадрид, чие ќесе се одврза за вкупно 104 милиони евра.