Saturday, May 4, 2024
HomeДЕНЕШНАСветЧетири жртви во силно невреме кое ја погоди Полска

Четири жртви во силно невреме кое ја погоди Полска

Во силно невреме кое ја погоди Полска, четири лица го загубиле животот, а неколкумина биле повредени, пренесуваат локалните медиуми. Еден 61-годишен маж починал кога врз неговиот автомобил паднало стебло во централна Полска, додека двајца сувозачи биле хоспитализирани со тешки повреди.

Уште двајца мажи го загубиле животот кога кога врз нив се срушил ѕид во северозападна Полска, додека една жена се удавила кога се срушил мост кој го поминувала во северниот град Елбаго. Силните ветрови нашравиле голема штета и срушиле и многу кровови ширум Полска, додека силните дождови предизвикале неколку локални поплави.