Wednesday, May 8, 2024
HomeДЕНЕШНАСветЧетири починати лица во пожар во јужна Шпанија

Четири починати лица во пожар во јужна Шпанија

Четири лица го загубиле животот во пожар кој избил во нивниот дом во градот Хаен во областа Андалузија во јужна Шпанија, соопштија локалните власти. Причината за пожарот е се уште непозната. Пожарникарната служба потврдила дека едно од починатите лица е малолетник, додека друго малолетно лице ја преживеало несреќата и веднаш било префрлено во болница. Полицијата ја истражува причината за несреќата, кој се случил денес попладе во куќата на ова семејство.