Sunday, May 5, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалЧелси ќе пазари дефанзивец

Челси ќе пазари дефанзивец

Антонио Конте наскоро на располагање би можел да има млад и одличен централен дефанзивец. Калиду Кулибали веќе некое време е на „мета“ на неколку Премирлигашки клубови. Помеѓу нив е и Челси, кој според последните информации испратил и официјална понуда до Наполи за услугите на овој дефанзивец.

Како што пренесуваат медиумите во Англија, понудата која Челси ја испратил за овој фудбалер изнесува 34 милиони фунти. Овој 25-годишен Сенегалец во Наполи пристигна како голема желба на Рафа Бенитез, но дури минатата сезона го покажа својот целосен потенцијал.

Репрезентативецот на Сенегал за сениорската репрезентација на таа земја има забележано шест настапи. Во Наполи пристигна за нешто повеќе од пет милиони фунти, а сега се чини дека Де Лаурентис ќе може „дебело“ да заработи на 25-годишниот одличен дефанзивец.

kulibali640486262020160322202755