Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСветЧавушоглу со ултиматум до ЕУ за визната либеризација

Чавушоглу со ултиматум до ЕУ за визната либеризација

Турскиот минстер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, упати предупредување до Брисел дека Турција нема да се придружува до договорот со ЕУ за решавање на мигрантската криза ако турските граѓани најдоцна до октомври не добијат визна либерализација.

– Договорот за бегалците функционира бидејќи Турција презеде многу сериозни мерки меѓу кои и борба со криумчари со луѓе – изјави тој во интервју за „Фракфуртер алгемајне цајтунг.“ Чавушоглу додава дека тоа не е закана, но дека Турција ако не добие визна либерализација ќе биде принудена да се дистанцира од договорот за враќање на бегалци од ЕУ.

Владата во Анкара очекува конкретен датум за визна либерализација до почетокот или средината на октомври како гаранција дека договорот ќе се реализира.