Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСветБританскиот парламент затворен поради сомнителен коверт

Британскиот парламент затворен поради сомнителен коверт

Британската полиција денеска ја затвори зградата на Парламентот поради „хемиски инцидент“ односно поради коверт со сомнителен бел прав. Супстанцата била пронајдена во писмо, испратено до еден од членовите на Домот на лордовите.

– Полицијата е на лице место и го истражува сомнителниот пакет, соопшти портпаролот на лондонската полиција.

Претставниците на Домот на лордовите се затворени на терасите на Вестминстер, додека внатре се истражува за каков бел прав се работи.

Исто така, затворени се вратите и прозорците, а има луѓе кои се затворени на терасата на покривот на објектот.