Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВо Македонија нема простор за дводомен парламент, смета Острени

Во Македонија нема простор за дводомен парламент, смета Острени

Во Македонија нема простор за дводомен парламент, а таквите најави се само желба за да дојде до нови судири и да им се даде повод на ВМРО-ДПМНЕ и другите да кажат дека Албанците се виновни за сè во Македонија, порача синоќа од Дебар лидерот на партијата Унитети, Гзим Острени, за време на митингот на коалицијата „Алијанса за Албанците (Унитети – РДК)“.

Toj упати остри критики на адреса на Зијадин Села поради тоа што на седум дена пред почетокот на изборната кампања, ДПА-Движење за реформи, која беше дел од коалицијата „Алијанса за Албанците“ ја регистрира како партија Алијанса за Албанците за потоа Села да нуди програма за дводомен парламант во Македонија.

Според Острени, поделбите на патот кон ЕУ се штетни и се минато бидејќи тие носат само крвопролевање меѓу народите.

На митингот во Дебар, кој се одржа на плоштадот Скендербег, коалицијата „Алијанса за Албанците (Унитети – РДК)“ го промовира и кандидатот за градоначалник Шкелќим Џафа. Тој истакна дека во Дебар треба да престанат партиските вработување и да има деполитизација на администрацијата. Тој исто така упати остри критики на актуалната локална власт во Дебар, во врска со, како што рече, катастрофалната состојба на депонијата и негрижата за животната средина.