Friday, May 3, 2024
HomeДЕНЕШНАСветБританија пред втор референдум за ЕУ?

Британија пред втор референдум за ЕУ?

Втор референдум за членство на Британија во Европската унија би можел да биде законски оправдан доколку постојат јасни докази дека јавното мислење се свртило против Брегзит, изјави конзервативецот и екс советник за правни прашања во владата во Лондон, Доминик Грив.

Поточно, тој вели дека резултатите на првиот референдум не може да се игнорираат, но дека вториот би можел да стане демократски оправдан.

– „Мораме да го прифатиме тоа што резултатите на референдумот го претставуваат во времето кога беше одржан, јасна изјава на ставот на повеќето дека треба да се напушти ЕУ. Во демократијата таквиот резултат не може едноставно да се игнорира“, изјави Грив и ги отфрли сугестиите дека заговорниците на Европската Унија не би требало да зборуваат против резултатот, кажувајќи дека во слободно општество луѓето треба да бидат во можност да го оспорат ставот на мнозинството.

Во преписката со еден граѓанин до кој стигна “Идипендент“, Грив вели дека резултатите од првиот референдум “не се дефинитивни“.

– „Во слободното општество не постои обврска да го менуваме нашето мислење затоа што во моментов мнозинството не се согласува со него. Моето мислење останува и јас и понатаму ќе се борам за она што мислам дека е правилно и во наш најдобар интерес“, изјави тој за Индипендент.

Британскиот премиер во заминување, Дејвид Камерон, откако петицијата за одржување на втор референдум ја потпишаа над 4 милион луѓе, рече дека реприза на референдумот “нема во план во скоро време“.