Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаБрисел очекуваат што поскоро да се финализира договор со Бугарија

Брисел очекуваат што поскоро да се финализира договор со Бугарија

Од Европската Унија очекуваат наскоро да се финализира најавениот договор за добрососедство помеѓу Македонија и Бугарија бидејќи секогаш е добро кога настојувате да имате добри односи со соседните земјите. Ова во изјава за медиумите го посочи шефот на Делегацијата на ЕУ во Скопје, Самоуел Жбогар.

– Охрабрени сме од неодамнешните посети на премиерот во Софија и на министерот за надворешни работи во Атина. Никогаш не правите грешка ако градите пријателство. Очекуваме, како што беше најавено, договорот помеѓу Македонија и Бугарија да биде финализиран и дека истиот ќе биде и потпишан во август – изјави Жбогар, надевајќи се дека за тој ќе биде и тема на дебата во Собранието.

Колку се посилни односите со соседите кои се дел од европското семејство, посочи евроамбасадорот, толку земјава ќе има и поголема поддршка од истите во ЕУ.