Sunday, May 5, 2024
HomeДЕНЕШНАСветБрисел и понатаму стравува: Евакуирани две метро станици

Брисел и понатаму стравува: Евакуирани две метро станици

Во центарот на Брисел се евакуирани и две метро станици, недолго откако во еден трговски центар беше уапсен еден маж. За него подоцна излезе информација дека носел лажен појас со експлозив, пренесуват локалните медиуми. Ѓраѓаните на социјалните мрежи наведоа дека се евакуирани станиците „Де Брукер“ и „Шуман“, која се блиску до институцијата на Европската Унија во Брисел.

Претходно утрово во трговски центар во Брисел бил уапсен 26-годишен маж за кој се сомневало дека носел експлозив или дека поставил пакет бомба, поради што бил евакуиран трговскиот центар и околното подрачје, пренесоа локалните медиуми. Покасно излезе информација дека тој носел лажен појас со експлозив.