Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаБраќата Латас си ги бараат пасошите за да одат на одмор, а Талевска за да работи во Србија

Браќата Латас си ги бараат пасошите за да одат на одмор, а Талевска за да работи во Србија

Со јавна расправа по жалбата на Звездан Павловиќ, во Апелацискиот суд Скопје се отвори дискусија за неговиот и за одземениот пасош на брат му Срѓан Павловиќ.

Се работи за предметот „Тревник“ на СЈО, во кој што тројцата браќа Драган Павловиќ Латас, Звездан Павловиќ и Срѓан Павловиќ, се обвинети за бесправно градење во Зелениково, соопшти СДК.мк.

На тројцата, по барање на СЈО, им се одземени патните исправи.

Одбраната на браќата Звездан и Срѓан побара да им се врата патните исправи за, првиот да може да оди со семејството на одмор, а вториот за да замине во Италија, зашто синот му студирал таму.

Одбраната пак на Ивона Талевска побара да бидат укинати мерките на претпазливост за неа и да и се врати пасошот кој ѝ го одзема судот бидејќи редовно се јавувала кај органите на прогонот, но и дека била вработена, што укажува дека не може никаде да избега.

Одбраната посочи дека нивниот клиент исто така работи и за српска фирма поради што мора почесто патување надвор од земјата.

„Потенцирам дека за ваков вид кривични дела, односно затајување данок на ваква сума,не се сеќавам дека имало вакви мерки. Со оглед кога СЈО почна да работи и правните квалификации за обвинение за кривичното дело Смарт груп дооел рокот е истечен. Вештачењето укажува на тенденциозност која не соодејствува со кривичното дело. Нејзиното работно место е врзано со патување, има договор со српската компанија ‘Танир’”, вели адвокатката Светлана Савиќ.

„Ваквите мерки се премногу високи за сомненија за обвиненија од страна на СЈО. Доколку Талевска не патува, таа нема да може да ја извршува својата професионална работа, а со тоа нема да може да го исплати кредитот за стан кој го има земено. Судот имал предвид дека обвинетата е новинар, како и сите околности наведени во решението. Имајќи ги предвид доказите, а со тоа патувањето во странство, се сомневаме дека поради истите работни обврски ќе се забави постапката. Предлагам жалбата да биде отфрлена“, вели Стевчо Донев.

Талевска вети деа ќе ја усогласи динамиката на своите работни обврски во согласност со постапките на органите на прогонот.

СЈО ја товари Талевска за даночно затајување, преку Смарт груп дооел Скопје.