Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионБосна уапси злоогласен терорист на аеродромот во Сараево

Босна уапси злоогласен терорист на аеродромот во Сараево

Босанската полиција го уапси 22 годишниот Алмир еден од членовите на семејството Џиниќ кое е познато по тоа што го прифатило шеријатството и одамна се преселило во Сирија. Алмир во Босна се враќал со лет од Истанбул и според полицијата во Сирија се борел на страната на радикални исламистички групи.

Џиниќ е предаден на судска полиција и ќе остане во притвор за еден месец, додека трае истрагата. „Граничниот контрола утврдила дека судот во Босна објавил за Џинич потерница под сомнение за организирање на терористичка група и во врска со терористички активности”, се наведува во полициското соопштение.

Пред неколку години Џиниќ заминал за Сирија со својот татко, мајка и осум браќа и сестри, од кои тогаш само брат му Амир бил возрасен. Според полицијата Енес сестрата на Алмир, стапува во шериатски брак со Емрах Фојниќ, кој учествува во вооружениот напад врз амбасадата на САД во Сараево, а подоцна загинува во Сирија.