Tuesday, May 7, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаБорисов: Во интерес на Бугарија е Македонија да влезе во НАТО

Борисов: Во интерес на Бугарија е Македонија да влезе во НАТО

Во интерес на Бугарија е да ѝ помогнеме на Македонија да влезе во НАТО, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов за време на јавната дебата во Атлантскиот клуб за евроатлантската солидарност во контекст на Брегзит.

Како што пренесува „МКД“, во рамки на дискусијата на тема „Трансатлантската врска за време на бугарското претседателство со Советот на ЕУ“, Борисов говореше и за Македонија, пренесува БГНЕС.

„За Македонија, се разбира дека договорот за добрососедство, којшто очекуваме да го потпишеме во август, е многу важен. Како на најблизок сосед и народ, на историчарите да им оставиме да спорат, но поголемата тема е Македонија во НАТО и во ЕУ. Дали е подобро за Бугарија да има сосед зафатен од судири? Договорот за добрососедство треба да „тргне“ и ако него не можеме да го потпишеме за што друго да зборуваме“, вели бугарскиот премиер.