Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСветБомбаш самоубиец уби најмалку 16 лица во пакистанска џамија, над 20 повредени

Бомбаш самоубиец уби најмалку 16 лица во пакистанска џамија, над 20 повредени

Најмалку 16 лица загинаа и над 20 се повредени во нападот извршен од бомбаш-самоубиец за време на петочната молитва во пакистанска џамија во племенскиот регион Мохманд, на границата со Авганистан.

За нападот информираше заменикот-гувернер на регионот Навид Акбар, пренесува БТА.

Друг претставник на локалните власти го потврди нападот и соопшти за најмалку 24 повредени лица.