Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаБитола: Несекојдневна изложба на ретки егзотични птици

Битола: Несекојдневна изложба на ретки егзотични птици

Во Битола Здружението на одгледувачи ретки егзотични птици „Билбил“ со несекојдневна изложба.

Коста Нешковски, член на здружението „Билбил“ информира дека во малата сала на НУ Завод и Музеј-Битола изложени се 170 ретки птици, папагали, канаринци, вкрстени сорти на птици, како и куќички за птици.

– Изложбата е со ревијален карактер и може да се видат птици кои често сме ги гледале само на телевизија или во некој албум за сликички, а овој пат во живо. Посетителите најмногу се задржуваат кај тигрестиот папагал и кај канаринците, но и кај другите ретки птици. Со оглед дека изложбата се одржува по втор пат, очекуваме истата да прерасне во традиционална, а на која ќе бидат изложувани уште поголем број на ретки егзотични птици, посочи Нешковски.

Настанот е поддржан и од локалната самоуправа.