Wednesday, May 8, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалВенгер пронајде виновник за неуспехот!

Венгер пронајде виновник за неуспехот!

Арсен Венгер и Арсенал за прв пат по повеќе од две децении, нема да игра во Лигата на шампионите. Ни можен трофеј во купот, ако го победат Челзи во сабота во финалето на ФА купот нема да промени ништо, ова е голем науспех за Арсенал.

Венгер ја презеде одговорноста, но рече дека играчите беа во посебна психолошка состојба.

“Вие не може да играте под таков психолошки притисок. Не можете да ја доведувате во прашање мојата посветеност и љубов за овој клуб. Одбив понуди од сите страни кога финансиите беа во лоша состојба поради изградбата на стадионот”, ги потсети Венгер навивачите и повторно одби да одговори на прашањето дали ке остане во Арсенал.

Но, јасно е дека ако потпише нов двегодишен договор, го чека нов бран на незадоволство, затоа што тој го поддржува сопственикот Стан Кронке.

“Тоа не е негова вина што ние не сме во Лигата на шампионите, каква допирна точка има тоа со него“, додаде Венгер.

Во секој случај, Венгер инсистира дека негативната атмосфера во клубот смета и индиректно ги обвинува фановите.

Сега има проблеми пред финалето во сабота против Челзи, Лоран Кошчелни доби црвен картон против Евертон во последното коло и тој отпадна за овој натпревар исто така и Габриел кој се повреди на истиот натпревар па така Венгер останува со Мустафи кој исто така има повреда но лекарскиот тим на Арсенал ќе направи се за тој да може да игра во ова финале.