Friday, Apr 19, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалОфицијално: Колашинац е “Топџија“!

Официјално: Колашинац е “Топџија“!

Репрезентативецот на Босна и Херцеговина од 1 јули ќе го облече дресот на Арсенал, пренесува Скај Спорт.

Сеад Колашинац доаѓа на “Емирати” како слободен играч откако истече неговиот договор со Шалке.

Несомнено Арсенал заврши голема работа, пристигнува играч во најдобрите играчки години, кој може да игра на позиција лев бек и штопер без никакви проблеми и тоа без никакво обештетување.

Беше познато дека Колашинац нема да ја продолжи соработката со Шалке, тоа предизвика големо внимание на трансфер пазарот но “Топџиите“ на крајот излегоа како победници.

Скај Спорт излезе прв со официјална информација дека конечно 24 годишниот интернационалец на 1 јули потпишува договор со Арсенал.