Wednesday, May 8, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаБејли: Добро е што Македонија има разговори со Грција

Бејли: Добро е што Македонија има разговори со Грција

Амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Македонија Џес Бејли денеска рече дека поддржуваат заеднички прифатливо решение за прашањето за името, додавајќи дека тој не може да каже кое е тоа решение.

„Исто така ќе кажам дека добро е што Македонија има разговори со Грција и со другите земји во соседството. САД отсекогаш ја поддржувале и ќе продолжат да ја поддржуваат Македонија на нејзиниот пат кон НАТО и ЕУ“, рече Бејли.

Одговарајќи на новинарски прашања на настанот „Актуелни предизвици на бизнис заедницата од областа на законската регулатива“ организиран од неколку стопански комори, тој рече и дека реформскиот процес, реформите во правосудството и во другите области се многу важни.

„Допрва треба да зборуваме со новата влада како и со членовите на целото општество и со опозицијата за чекорите што ќе ги преземеме. Затоа што овој процес го вклучува целото општество и целата држава и тоа е нешто за кое целата земја ќе треба да се обедини за да го постигне“ рече Бејли.