Friday, Apr 26, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалБарселона во шок: забрането каталонското знаме на финалето на кралскиот куп

Барселона во шок: забрането каталонското знаме на финалето на кралскиот куп

На натпреварот кој ќе се одигра во недела на „Висенте Калдерон“ во Мадрид, забрането е каталонското знаме. Забраната доаѓа со образложение дека знамињата можат да предизвикаат насилна реакција кај противничките навивачи, иако досега, наречени „Естелада“ се присутни на секој меч на „Камп Ноу“, како и на гостувањата на Барселона.

Шпанската полиција ќе ги претресеува 19-те илјади навивачи на Барселона за да не можат да го внесат на стадионот каталонско знаме на финалето на Копа дел Реј против Севилја. Барселона реагираше гневно и побара кај шпанската влада да преовлада „здравиот разум“.

„Барселона ја смета одлуката како напад на слободата на изразување, која е основно право на секоја индивидуа. Тоа е право признато со Универзалната декларација за човекови права. Барселона секогаш ја бранела и ќе продолжи да ја брани слободата на изразување на сите своите членови и навивачи, кои секогаш покажувале високо ниво на цивилизираност и почит. Барселона повикува да преовлада здравиот разум и бара од претставниците на шпанската влада да придонесат за создавање добра атмосфера на финалето на Копа дел Реј“ – соопшти каталонскиот клуб.

Кралот Филипе на крајот ќе го додели трофејот на шампионот.