Friday, Apr 26, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалБарселона конечно пронајде голман!

Барселона конечно пронајде голман!

Екипата на Барселона во наредните денови би требало да добие големо засилување на голманската позиција. Голманот Клаудио Браво најверојатно ќе ја напушти Барселона и ќе се пресели во Манчестер Сити, па топ тема е тоа кој ќе биде неговата замена на голот на „Каталонците“.

Последните недели беа споменувани многу голмански имиња, Алвеш, Реина, Ареола, но изборот падна на Холанѓанец. Се работи за Јаспер Силесен, голман кој е стандарден член на репрезентацијата на Холандија и кој до сега ги бранеше боите на Ајакс.

Инаку, тој не е во списокот на фудбалери кои се во комбинација за настап за Ајакс по повод утрешниот натпревар, а како причина се споменува токму преговорите со Барселона. Значи, наскоро очекуваме и официјални потврди од клубовите во врска со овој трансфер.