Wednesday, May 8, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалБарселона го официјализираше третото засилување за следната сезона!

Барселона го официјализираше третото засилување за следната сезона!

Барселона денес го официјализираше и третото засилување за следната сезона. Вчера беше официјализирано доаѓањето на Самуел Умтити од редовите на Лион, а денес на „Камп Ноу“ пристигна уште еден фудбалер од Франција. Во прашање е Лукас Дињ кој во клубот пристигна за да му биде конкуренција на Алба на левата бековска позиција.

Вчера се појавија шпекулации дека Дињ е на прагот од трансфер во Барселона, а денес тоа беше и официјализирано. Ова е трето засилување на Барелона за следната сезона, откако претходно пристигнаа Умтити и Денис Суарез од Виљареал. Барселона за овој трансфер му исплати на ПСЖ сума од 16.5 милиони евра.