Wednesday, May 8, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионБанките во Грција ги отворија вратите

Банките во Грција ги отворија вратите

Грчките банки денеска ги отворија вратите за граѓаните. Со уредба на Владата утврдено е лимитот за подигнување пари во една недела да биде 420 евра, а дневниот лимит и понатаму  останува 60 евра.

Тринеделниот прекин во работата на банките може да ја чини Грција  дури три милијарди евра, не сметајќи ги неостварените приходи од туризмот.

На сила стапува и зголемениот ДДВ (од 13 на 23 отсто), што беше еден од условите од кредиторите пред да почнат преговорите за новиот план за спас на Грција од банкрот